HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХесе во Парис Сен Жермен!

Хесе во Парис Сен Жермен!

Се чини дека трансферот е готов, Хесе ќе го облече дресот на Парис Сен Жермен, пренесуваат француските медиуми. Реал Мадрид се согласил да го продаде еден од своите најдобри „продукти“ од својата школа во последните неколку години. Хесе Родригез од следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ, а договорот е продажба, а не позајмица, пренесуваат медиумите.

Според овие извори, ПСЖ ќе издвои 25 милиони евра за овој трансфер, но не пишува дали во неговиот договор ќе постои откупна клаузула со која Реал Мадрид подоцна би можел повторно да го откупи неговиот договор како што беше случајот со Алваро Мората кога премина во редовите на Јувентус.

Хесе ќе биде петото засилување на ПСЖ откако во клубот веќе пристигнаа Бен Арфа, Криховијак, Муние, како и голманот Ареола кој се врати од позајмица. Наскоро се очекува ПСЖ и Реал Мадрид да излезат со официјална иформација и потврда за овој трансфер.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com