HomeДЕНЕШНАСвет„Хербалајф“ и Федералната комисија за трговија постигнаа договор за спогодба

„Хербалајф“ и Федералната комисија за трговија постигнаа договор за спогодба

Хербалајф повеќе не е под истрага на Федералната комисија за трговија, соопштуваат од компанијата откако постигнаа спогодба за исплата на 200 милиони долари. Завршена е истрагата, а со спогодбата Хербалајф се согласи на повеќе промени во маркетиншкиот пристап и се задржа на берзите.

Одредбите од спогодбата не го променуваат бизнис моделот на Хербалајф како компанија за директна продажба и поставуваат нови стандарди за индустријата кои треба да ги следат сите компании со сличен маркетинг пристап на соработници и договори.

„Спогодбата е признание дека нашиот бизнис модел е издржан и ја истакнува нашата доверба во нашите способности успешно да продолжиме понатаму, во спротивно немаше да се согласиме со одредбите,“ изјави Мајкл О. Џонсон, претседавач и генерален извршен директор на Хербалајф.

Хербалајф и државниот обвинител на Илиноис исто така постигнаа договор за спогодба и Компанијата се согласи да исплати 3 милиони долари како дел од оваа одделна спогодба. Со затворањето на истрагата во Илиноис, компанијата нема податоци за какви било други активни истраги од каков било друг државен обвинител на сојузна држава во САД.

 

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com