HomeДЕНЕШНАРепубликаХераклеја во очајна состојба од негрижата за историското наследство

Хераклеја во очајна состојба од негрижата за историското наследство

Хераклеја како еден од најзначајните археолошки локалитети во Македонија е во многу лоша состојба, а особено во опасност се мозаиците кои имаат непроценлива вредност за историското наследство.

gazanfer bajram

Состојбата е алармантна, оценува академскиот сликар и експерт по мозаици Газанфер Бајрам, по втората фаза од ендоскопското снимање на мозаичните површини во античкиот локалитет Хераклеја, што се одвиваше во текот на минатиот месец и се очекува да донесе напредок во зачувувањето на мозаичното богатство во античкиот локалитет крај Битола.

Најголемиот проблем е подлогата, односно појавата на пукнатини што се јавуваат кај мозаиците, за што од Завод и музеј Битола сметаат дека мора да се решаваат со заедничка помош од Министерството за култура.
Археолозите од Завод и музеј Битола тврдат дека токму мозаиците во Хераклеја се магнет за туристите, привлекувајќи го најголемото внимание на посетителите.

Извор: meta.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com