HomeДЕНЕШНАПолитикаХелсиншки: Рекордни 5 пресуди против Македонија на Европскиот суд за човекови права

Хелсиншки: Рекордни 5 пресуди против Македонија на Европскиот суд за човекови права

Денес сe одбележува меѓународниот ден за поддршка на жртвите од мачење и друго сурово, нечовечно или понижувачко постапување и казнување. Од Хелсиншкиот комитет велат дека во текот на 2015 година, Европскиот суд за човекови права донел рекордни 5 пресуди против Македонија што се однесуваат на член 3 од Европската конвенција за човекови права – забрана на мачење.

Во сите пресуди се работи за тортура извршена од страна на државни службеници, но и покрај тоа што овие случаи биле пријавени во обвинителствата, за нив или воопшто немало никаква истрага или истрагата била целосно неефективна. Хелсиншкиот комитет во последните три години има регистрирано неколку слични случаи за кои обвинителствата не спроведуваат ефективна истрага или државата не ја надоместува штетата…

“Дел од овие примери се брутално нападнатиот граѓанин на улица во Охрид од страна на полицијата, нападот на голем број полициски сили против граѓани од ромската заедница во населбата Топаана, претепувањето на невино момче во полициската станица во Демир Хисар, тепањето на малолетни деца роми од страна на полициската единица „Алфа“ како и и употребата на загадена вода во затворот „Куманово“ – се вели во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com