HomeДЕНЕШНАРегионХашкиот обвинител Брамерц најави жалба против ослободувањето на Шешељ

Хашкиот обвинител Брамерц најави жалба против ослободувањето на Шешељ

 

Денеска, главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц изјави дека Обвинителството одлучило да се жали на пресудата за Воислав Шешељ.

Во самото соопштението на главниот обвинител е истакнато дека одлуката за жалба е донесена откако биле анализирани причините за ослободителната пресуда која во пишана форма ја достави судскиот совет.

Лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ на 31 март беше ослободен од страна на Хашкиот трибунал по сите девет точки од обвинението, кои го товареа дека со говор на омраза ги поттикнувал и поддржувал воените злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина во текот на воените судири и протерувањето на Хрватите од Војводина.

Инаку, Шешељ не присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com