HomeДЕНЕШНАПолитикаХари Локвенец: Реформи во МВР се можни само без Чавков и ВМРО-ДПМНЕ

Хари Локвенец: Реформи во МВР се можни само без Чавков и ВМРО-ДПМНЕ

Хари Локвенец, пратеник, претседател на собраниската Комисија за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање реагира на потребата од рефоми во МВР.

-„Денеска, Министерството за внатрешни работи направи промоција на проект за сеопфатна реформа на системот за национална безбедност. Ова е признание од МВР дека навистина има потреба за реформа на безбедносниот систем којшто токму оваа власт целоно го сруши.  Со понудениот концепт, се предлага носител на процесот да биде сегашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков. Ова е целосно неприфатливо. Не може носител на реформски процес да биде некој кој 10 години правел злоупотреби на безбедносниот систем за лични и партиски интереси на врвот на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ смета дека е нужна реформа на срушениот безбедносен систем, но во сосема други околностии со други личности“, вели Локвенец.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com