HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХаос на концерт на „Guns and roses“!

Хаос на концерт на „Guns and roses“!

На концерт на популарната музичка група „Guns and roses“ кој се одржал во источниот дел од градот Радерфорд, во американската држава Њу Џерси, биле уапсени 30 лица поради неконтролирано однесување, известуваат локалните медиуми.

Полицијата соопшти дека на стадионот „Мет Лајф“ биле уапсени триесет лица поради неконтролирано однесување, вознемирувања, кривични дела и напади на полицијата, пренесуваат медиумите.

Ganz-en-rouzis-f2

Според овие информации, во рамките на својата турнеја под назив „Not In This Lifetime“, американскиот рок бенд одржа шоу-програм во тој град две ноќи пред 55.000 лица. Инаку, фронтменот и основачот на групата Вилијам Аксел Роуз, гитаристот Слеш и басистот Даф Мекејган со собрале по прв пат на оваа турнеја, повторно, после повеќе од две децении, за да ја продолжат својата единствена музика.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com