HomeФЕР ПЛЕЈФудбалХаос во Палермо: Тренерите се менуваат како чорапи

Хаос во Палермо: Тренерите се менуваат како чорапи

Getty Images

Фудбалскиот клуб Палермо од почетокот на оваа сезона осум пати го промени својот тренер, откако Валтер Новелино после само четири натпревари доби отказ. Фактот дека претседателот на Палермо Маурисио Замперини нема многу стрпение е познат од одамна. Тоа посебно оди во прилог на фактот дека од неговото доаѓање во клубот во 2002 година, клубот промени дури 35 тренери. „Луѓето велат дека сум полудел, но тоа не е точно. Јас сум само жртва на одредени ситуации“, изјави Замперини.

Новелино, под чие водство клубот освои само еден поен на четири натпревари, ги напушти Сицилијанците после поразот од Лацио со 3:0. Палермо моментално се наоѓа на 18 позиција во Серија А со 28 поени, колку има и Карпи, кој е надвор од зоната за испаѓање, на шест кола пред крајот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com