HomeДЕНЕШНАПолитикаХазири и официјално петти член во Ад Хок телото

Хазири и официјално петти член во Ад Хок телото

Ад хок телото за следење на медиумското претставување денеска со консензус го прифати предлогот на политичките партии за петти член во телото да се избере Љуљзим Хазири. Хазири изјави дека неговата кандидатура била веројатно единственото решение за кое партиите можеле да се согласат.

– Мислам дека со моето присуство и со мојата независност ќе бидам репер на добра соработка и за наоѓање решенија. Сметам дека состојбата со медиумите не бара сто дена, туку подолг временски период за да се добие една оптимална ситуација – изјави Хазири.

Да потесетиме, рокот за избор на петтиот член беше пробиен. Ад хок телото ќе се сретне и утре за да донесе деловник за работа и да почне да ги разгледува извештаите од мониторингот што го прават стручните служби на Агенцијата за медиуми.

Мониторингот на програмата на телевизиите и радио-дифузерите почнува во од утре. Согласно законските измени, Ад Кох телото ќе носи заклучоци и препораки дали да се покренат постапки против медиуми кои го прекршиле изборниот законик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com