HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФФМ ќе ги отвори вратите на „Куќата на фудбалот“

ФФМ ќе ги отвори вратите на „Куќата на фудбалот“

Фудбалската федерација на Македонија утре организира отворен ден за посетители во „Куќа на фудбалот“. По тој повод сите љубители на фудбалот, млади и возрасни, кои имаат интерес да се запознаат со комплексот „Куќа на фудбалот“ и да бидат директно информирани за различните активности на федерацијата, ФФМ ги поканува да дојдат во периодот од 10 до 12 часот.

Генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски, очекува ваквите активности да придонесат за подобра атмосфера околу фудбалските репрезентации.

-Фудбалот е најпопуларниот спорт, а за повеќето и најважната споредна работа во животот. Спорт кој бара посветеност, позитивна енергија за фер натпревар,  отвореност, взаемно почитување и тимска работа. Токму со цел да ги поддржиме овие вредности и да помогнеме во создавањето подобра атмосфера во и околу фудбалот во нашата земја, ФФМ организира отворен ден за посетители. Отвореноста и транспарентноста, како и домаќинското работење, со посебен акцент на развојот на младите категории, е наш приоритет и за што нештедејќи се залагаме. ФФМ реализира различни проекти поврзани со фудбалот и токму со нив сакаме да ја запознаеме јавноста, изјави Поповски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com