HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПронајден фудбалерот на Олимпијакос по 24 часа од киднапирањето во родното Мексико

Пронајден фудбалерот на Олимпијакос по 24 часа од киднапирањето во родното Мексико

Мексиканскиот репрезентативец и фудбалер на Олимпијакос, Алан Пуридо, е пронајден и ослободен откако вчера беше киднапиран во својот роден град Тамаулипаси од шест маскирани лица.

Според информациите, 25-годишниот фудбалер, по обврските со грчкиот клуб се вратил во Мексико со својата девојка. Киднапирањето најверојатно е извршено од засега непознати нарко дилери кои со камион го опколиле неговиот автомобил во 2 часот наутро. При тоа, девојката била во заложништво само неколку часа.

Од полицијата соопштиле дека младиот фудбалер се здобил со лесни телесни повреди на главата и е префрлен во локалната болница, а детали за киднапирањето и евентуалниот мотив сè уште нема.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com