HomeДЕНЕШНАПолитикаФРОДЕМ: Емил Димитриев го суспендира договорот од Пржино

ФРОДЕМ: Емил Димитриев го суспендира договорот од Пржино

Техничкиот премиер Емил Димитриев го суспендирал Договорот од Пржинo со тоа што поништува поединечни акти и одлуки на министрите од опозицијата, реагира ФРОДЕМ.

„Владата, согласно Уставот и одлуката за распуштање на парламентот, е во оставка. Тоа значи дека таа врши само технички работи се до изборот на новиот парламент и новата влада“, велат од ФРОДЕМ. Оттаму го потсетуваат опозицискиот лидер Зоран Заев дека Оливер Спасовски, Фросина Ременски не се негови министри, туку се министри кои произлегоа од големото народно и граѓанско собирање од 17 мај 2015 година.

„Овие министри и заменици министри се гарантори на елементарната безбедност на граѓаните од режимот, а воедно треба да создадат услови за одржување легални избори. Сите политички тактизирања за оставки и „држење во заложништво на министрите“ ги сметаме за целосно непотребни“, стои во реакцијата на ова движење.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com