HomeДЕНЕШНАСветФризерот на францускиот претседател со министерска плата

Фризерот на францускиот претседател со министерска плата

Како што објави денешното издание на сатиристичниот весник Канар аншене, берберот на претседателот Франсоа Оланд месечно заработува 9895 евра бруто плата, односно според договорот склучен на 13 јули 2012 година, со траење од пет години, тој ќе треба да заработи 593.700 евра, при што е можно да има „надоместоци за престој” и други „семејни бенефиции”, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Фризурата на претседателот е скапо платено, а тоа денеска го потврди портпаролот на владата Стефан ле Фол, изјавувајќи дека ги разбира „прашањата”, покренати по откритието дека личниот фризер на Франсоа Оланд, заработува плата од околу 10.000 евра бруто месечно, речиси колку што е онаа на еден министер.

Стефан Ле Фол ова го потврди за време на извештајот кој го поднесува пред новинарите по Советот на министрите во Елисејската палата.

– Потврдувам дека има фризер во Елисејската палата, што не беше случај претходно, рече рече тој.

– Фризерот се откажа од својот салон. Тој е тука деноноќно (…). После тоа, јас можам да ги разберам прашањата дека во однос на ова може да има оценки, продолжи Стефан Ле Фол.

Сепак, тој понатаму истакна дека буџетот на претседателството, кој ја вклучува и платата на фризерот е намален „многу” од 15 отсто до 20 отсто од почетокот на петгодишниот мандат.

– Секој се чешла, не? – рече пред новинарите Стефан Ле Фол.

Според весникот, Оливие Б., „личен фризер на шефот на државата” од 16 мај 2012 година, е „регрутиран со договор на определно време за време на претседателскиот мандат кој е во тек”. Елисејската палата не ја демантираше веста, бранејќи се дека фризерот го чешла претседателот секојдневно, пред секој негов јавен настап или говор.

Пратеникот од редовите на социјалистите, Рене Досиер, специјалистот за финасиите на Елисејската палата само реагираше дека е штета што ова се случи, бидејќи тоа само ги сокри напорите на штедење кои се големи. Буџетот на Елисејската палата, според него сега е под 100 милиони евра годишно.

МИА

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com