HomeДЕНЕШНАПолитикаФридом Хаус со очајни оценки за македонската демократија

Фридом Хаус со очајни оценки за македонската демократија

Новиот извештај на Фридом Хаус за изминатата година во Македонија детектираше бројни назадувања на демократските начела и зголемување на концетрацијата на моќ на власта. Во речиси сите области има негативни оценки, освен во цивилниот сектор кој поради зголемениот ангажман со активности, демонстрации и протести, како и подобра организираност добива повисока оценка.

Негативен пад има и во слободата на изразување и медиумите поради нелегалното следење на новинарите и напади врз нив како и владина контрола врз уредувачката политика. Правосудните органи исто така бележат пад на оценките поради сомнежите за политички влијанија врз работата на судиите и обвинителите.

Во предвидувањата за ризиците во наредниот период Фридом Хаус нотира дека предизборната кампања ќе помине во знакот на објавените политички бомби и дека партиите повеќе ќе се насочат кон националистичка реторика и меѓусебни обвинувања. Ова е оценето како најголемата криза во државата од 2001-ва со бројни попречувања на политичкиот дијалог без оглед на медијацијата на ЕУ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com