HomeСТУДЕНТУМФранцускиот институт: Конкурирајте за стипендии за мастер и докторат во Франција

Францускиот институт: Конкурирајте за стипендии за мастер и докторат во Франција

Францускиот институт во Скопје го објави конкурсот за стипендии за студирање на мастер и докторски студии во Франција. Приоритетот ќе им биде даден на студиите во области кои не постојат или се недоволно развиени во земјава, што е одлична прилика за македонските студенти да се стекнат со специфични знаења и вештини.

franciski institut

Стипендијата предвидува покривање животните трошоци, како и трошоците за школарина во Франција во период од максимум 9 месеци, вклучувајќи го и здравственото осигурување. Статусот стипендист на француска влада им овозможува и други предности на стипендистите. Краен рок за пријавување е 30 април, а може да се информирате повеќе на следниов линк.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com