HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФранцузинот побарал трансфер во Јуве, „десетката“ на Погба добива нов сопственик!

Французинот побарал трансфер во Јуве, „десетката“ на Погба добива нов сопственик!

Јувентус пронајде замена за Погба, а „митскиот“ број ќе го носи нов љубимец на навивачите. Јувентус се подготвува за живот без Пол Погба. Прва мета е Блејз Матуиди бидејќи е јасно дека од Матиќ нема да има ништо. Тие за неговите услуги понудија 25 милиони евра, кои беа експресно одбиени, бидејќи ПСЖ бара 10 повеќе.

Но, сега притисок врз клубот од Париз врши и самиот фудбалер кој побарал да го пуштат во Јуве. Имено, Матуиди верува дека после доаѓањето на Криховјак во клубот кој беше со Емери во Севиља тој нема да биде стандарден и сака да си замине. Се верува дека договор ќе биде постигнат, ако Јувентус со бонуси стигне до 30 милиони евра.

Од друга страна одлучено е на кого ќе му биде доделен легендарниот број „десет“ кој на својот грб последен го носеше Пол Погба. Сега овој „митски“ број кој го имаат носено големи ѕвезди на Јувентус ќе му припадне на одличниот Паоло Дибала кој одигра одлична сезона после доаѓањето од Палермо.

Клубот се уште ја нем официјално потврдено оваа информација, но продавницата на „Адидас“ во Париз веќе започна со продажба на „десетката“ со името на Дибала, па нема никакви дилеми дека одличниот Аргентинец од следната сезона ќе го промени бројот на дресот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com