HomeДЕНЕШНАСветФранција приведе осомничени за автомобилот-бомба полн со плински боци

Франција приведе осомничени за автомобилот-бомба полн со плински боци

Француските власти приведоа повеќе лица кои се осомничени дека подготвиле автомобил-бомба полн со плински боци и го поставиле во близина на Богородичната црква во Нотр Дам во Париз, а околу се наоѓа и полициската префектура.

Истрагата ја води антитерористичкиот оддел на бригадата за криминални дела на париската полиција и Дирекцијата за внатрешна безбедност, откако во автомобилот беа откриени седум плински боци, од кои шест беа полни, како и три шишиња со нафта. Иако немало мехамизам за палење, експертите велат дека бил доволен еден молотов коктел за автомобилот да експлодира.

Приведени се два пара кои претходно на француските власти им биле познати поради искажувањето на ставови блиски до Исламска држава. Автомбилот бил паркиран цели два часа со вклучени трепкачи во зона која е забранета за паркирање , а полицијата дури потоа реагирала и покрај повеќе телефонски јавувања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com