HomeДЕНЕШНАСветФрансоа Оланд вети финансиска и воена помош за бегалците во Либан

Франсоа Оланд вети финансиска и воена помош за бегалците во Либан

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети финансиска и воена помош за Либан каде има повеќе од милион бегалци од Сирија. Претседателот кој од вчера почна со четиридневна посета на држави од Блискиот исток, кажа дека Франција ќе издвои 100 милиони евра помош во следните три години како и итна помош за зајакнување на воените капацитети на таа држава.

На прес конференцијата кажа дека Либан се соочува со многу тешка ситуација поради судирите во соседна Сирија.

Исто така Франсоа Орланд додаде дека дојде време либанските политички лидери да ги надминат меѓусебните разлики и да изберат претседател. Веќе две години, поточно од месец мај 2014 година поради политичка поделба Либан е без претседател, а парламентот двапати продолжуваше свој мандат од 2009 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com