HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Улиците не мируваат, се бараат оставки и реформи

Фото: Улиците не мируваат, се бараат оставки и реформи

Грaѓанските организации предводени од повикот на „Протестирам“ излегоа пред Собранието на Република Македонија со пораки за оставка на претседателот Иванов, повлекување на одлуката за аболиција, обезбедување на услови за регуларни избори, слободни медиуми, прочистување на избирачкиот список и реформи.

На протестот се обратија повеќе активисти и професори кои беа обединети во повиците да не се демонстрира насилно, да не се уништува државен имот, додека пак за поставеноста на полицијата да се почитуваат претставниците на јавниот ред. Кон полицајците пак упатија порака да го заштитат својот народ.

Претседателот и самиот е криминалец, порача Мирјана Најчечевска, додека пак судиите и обвинителите работат во интерес на криминалната власт. Бараме враќање на правната држава и владеењето на правото, истакна професорката.

Демонстрантите ги извикуваат познатите пароли „Нема правда, нема мир“; „Сакаме да гласаме без да се плашиме“; „Доле мафија“.

Поддршка протестот изразуваат и функционери на СДСМ меѓу кои и лидерот Зоран Заев. Протестот се одвива засега во мирна атмосфера.

Автор: Христијан Станоевиќ

Фото: Кристина Атовска

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com