HomeАНТИСТРЕСПатување(Фото) Прошетка низ Палаван, најубавиот остров за 2016

(Фото) Прошетка низ Палаван, најубавиот остров за 2016

Островот Палаван на Филипините, веќе вторпат е прогласен за најдобар остров на светот од страна на магазинот „Патување + слободно време“ (Travel + leisure). Првиот пат тоа се случи во 2013-та година, а магазинот не штедеше пофални зборови за природните убавини кои ги нуди овој „тропски рај“.

Kayangan lake

Островот е познат по прекрасниот спектар на бои кои меѓусебно се испреплетуваат – сината боја со неверојатните зелени нијанси, планините со џунглите и ретката шума кои се издигаат над океанот, како и неверојатните пејзажи на малите рибарски села расфрлани по островот.

underwater

Филипинскиот бисер се смета за чудо на природата бидејќи поседува подводна река, која важи за најголема во светот. Се верува дека овој остров е стар околу 50 илјади години, а до него може да се стигне со брод и со авион.

Philippines, Palawan Province, Miniloc Lagoon.

Високите планини и прекрасните пејсажи се одлични за оние кои сакаат планинарење, а некои локации на овој остров се користени за снимањето на филмовите „Борновиот идентитет“ со Мет Дејмон и „Плажа“ со Леонардо Дикаприо, но тоа е и една од омилените дестинации на ѕвездите како Мадона и Бред Пит.

palavan 5

Најубаво време за посета на овој остров е во периодот од октомври до мај.

Palavan 7

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com