HomeДЕНЕШНАСветФото: Пожар во подрум на зграда во Карпош 4

Фото: Пожар во подрум на зграда во Карпош 4

Пожар изби во подрумските простории на зграда во Карпош 4. Зградата се наоѓа на улицата Разловечко востание. За среќа нема жртви, но жителите на зградата видно вознемирени и исплашени, излегуваа со марамчиња и крпи ставени на устите за да се заштитат од чадот кој ја исполни целата зграда.

– Сега во зградата немаме струја. Кога се опожари подрумот, мислев дека ќе ја зафати целата кула, бидејќи веројатно причината е спој на стријата, раскажа за Позитив.мк станар од деветкатицната.
pozar-karpos-4
Причинета е мала материјална штета, а причините за избивање на пожарот допрва ќе се утврдуваат. Две противпожарни возила се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот.
pozar-karpos-4-pordum-1
pozar-karpos-4-pordum-1

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com