HomeДЕНЕШНАПолитикаФото: Ова е тимот на Катица Јанева

Фото: Ова е тимот на Катица Јанева

По денешната обемна прес конференција СЈО направи групна слика од целиот тим на обвинители, истражители, стручни лица и соработници кои ги води специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Денешниот ден ги донесе и првите две обвиненија, како и вториот шест месечен извештај за работата на СЈО.

Многумина секако посакуваат многу повеќе резултати од Јанева и нејзиниот тим, без оглед дали ја поддржуваат или критикуваат нејзината работа.

Ако оваа групна фотографија има некаква порака, тоа сигурно е дека се подготвени за работата која ги очекува, одоносно завршување на истрагите за десетина предмети од прислушкуваните разговори, покренување на нови обвиненија и водење на случаите пред кривичните судови.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com