HomeДЕНЕШНАРепубликаФото конкурс: „Излези надвор“

Фото конкурс: „Излези надвор“

 

Испратете ја вашата фотографија и освојте награда. Сојузот на извидници на Македонија пред самиот почеток на пролетта и топлите денови, започнува со нова активност која ќе им овозможи на младите да ја искористат нивната креативност и денешната технологија, а воедно и е поврзана со природата.

Акцијата се состои од награден конкурс за најдобра фотографија на тема „Младите и природата“, па затоа ги повикуваме сите заинтересирани да излезат надвор и со својот апарат да овековечат еден момент со тоа што направат една фотографија во природа.

Целта на кампањата е да ги поттикне младите кон активности во природата која е здраво и инспирирачко место за развој на младите.

Првите тројца ќе има и награди:
I место – шатор за кампување во природа
II место – вреќа за спиење
III место – Swiss knife

Кои се условите за учество на конкурсот?
1. Темата на овој конкурс е „Млади во природа“. Инспирација можете да црпите од природните убавини на Македонија, разни извиднички или спортски активности во природа, или било какви активности кои ја покажуваат љубовта на младите кон природата.
2. Право на учество имаат сите граѓани на Р.Македонија без разлика на: возраст, пол, националност и верска припадност
3. Со секоја испратена фотографија потребно е да се испратат информации за авторот (Име, Презиме, Возраст, Контакт информации)
4.Секој учесник може да испрати максимум две фотографии.
5. Фотографијата не смее претходно да биде наградувана или објавувана.
6. Организаторот го задржува праватото да ги објавува фотографиите во своите јавни публикации и изданија.
7. Фотографиите кои не ги исполнуваат горенаведените услови нема да бидат дел од конкурсот
8. Фотографиите кои ќе добијат гласови преку апликации (пр. Like-генератори на FB) ќе бидат дисквалификувани


Рок на пријавување:

– Фотографиите ги праќате од 10.03.2016 до 27.04.2016 на мејл адресата на СИМ sim@scout.org.mk
– По завршувањето на рокот сите фотографии ќе бидат објавени на ФБ страната на СИМ каде ќе се гласа за победникот со број на Like-ови

Конкурсот ќе биде затворен со изложба на фотографиите и прогласување на победникот, настан кој ќе се одржи на 7ми мај оваа година. Изложбата ќе биде од хуманитарен карактер, односно сите фотографии ќе бидат дел од тивката аукција чија цел ќе биде собирање средства кои подоцна ќе бидат донирани за хуманитарна цел.

Сите дополнителни информации ќе бидат објавувани на овој настан па погрижете се да не следите овде, а и на нашата ФБ страна.

Инаку, оваа иницијатива е производ на проектот Зголемување на младинското учество и е подржана од проектот на USAID за граѓанско општество имплментиран од Фодацијата Отворено Општество Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com