HomeДЕНЕШНАСкопјеФото: Изби вода под барокот – „работна акција“ во Археолошкиот музеј

Фото: Изби вода под барокот – „работна акција“ во Археолошкиот музеј

Избива вода од „барокниот“ Археолошки музеј на Македонија! Тоа може да се забележи на фотографиите кои денес ги испрати граѓански новинар на адресата на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Околу пладне, вработени во музејот ја чистеле водата која избила од под плочките, на просторот пред музејот – објави ЦИВИЛ.
arheoloski muzej voda 1
Како што известува граѓанскиот новинар, жените кои ја метеле насобраната вода, во меѓусебен разговор, се жалеле дека и покрај тоа што чистење на просторот на влезот пред музејот не е нивна надлежност, сепак, единствено тие биле ангажирани околку тоа, а надредените седеле во своите канцеларии.
arheoloski muzej voda 2
„Не можам повеќе, веќе два часа тука метам, додека тие горе уживаат, а само јас работам!“, цитира граѓанскиот новинар една од вработените во музејот. По поплаките, вработен во музејот им наредил да не се жалат и да продолжат да работат.

Од објектите на контроверзниот проект „Скопје 2014“, покрај една поплавена „галија“, вода изби и во новиот МНТ, а на поплавени подруми се жалеа и вработени во Министерството за надворешни работи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com