HomeДЕНЕШНАЕкономијаФото: Дубаи ќе гради нова кула повисока од Бурџ Калифа

Фото: Дубаи ќе гради нова кула повисока од Бурџ Калифа

Дубаи планира ново архитектонско чудо најавувајќи изградба на нова највисока кула во светот која ќе ја надмине нивната Бурџ Калифа.
Емиратите се надеваат дека со новиот проект повторно ќе се „искачат“ на врвот на светот бидејќи повеќе држави најавија облакодери кои ќе ја надминат Бурџ Калифа со висина до неверојатни 1000 метри.

Сепак, Дубаи има нов адут, а тоа е најавената изградба на кулата „Вавилон“ која исто како во библиските времиња ќе биде убедливо највисоката градба секако со многу модерен и футуристички изглед, а за тоа ќе вложат една милијарди долари.


За да се обезбеди сигурност на Вавилонската кула висока над 1000 метри ќе биде прицврстена со големи кабли, а ќе има спирална форма во издолжување.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com