HomeДЕНЕШНАЦрна хроника(Фото) Во операцијата „Балкан“ уапсени 28 лица, запленети пари и дрога

(Фото) Во операцијата „Балкан“ уапсени 28 лица, запленети пари и дрога

Дирекцијата за борба со наркотици и нелегална трговија во рамки на албанската државна полиција во соработка со Обвинителството за сериозен криминал успешно ја заврши операцијата за трговија со дрога наречена Балкан, започната во 2015 година.

„Balkan“ 1

Истрагите беа насочени кон организирана кривична група, активна во различни земји од балканскиот регион, која тргува со различни видови дроги (хероин, кокаин и марихуана). Хероинот е набавуван од Република Турција и транспортиран до Република Албанија, со конечна дестинација во земјите на ЕУ. Марихуаната е снабдувана во Република Албанија и транспортирана во Република Македонија, Грција и Република Турција.

„Balkan“ 2

Паралелни истраги беа водени во Република Албанија, Република Бугарија, Република Македонија, Грција, Република Србија и Република Турција. Размената на информации меѓу агенциите за спроведување на законот во наведените земји се одвиваше во реално време преку канал на СЕЛЕК.

„Balkan“ 3

Истрагата резултираше со апсење на 28 лица (каде спаѓаат и 5 организатори), издавање на налог за апсење за 20 други лица кои се вклучени во нелегалните активности на оваа организирана криминална група. Запленети беа приближно 27 kg хероин, 2 kg кокаин и речиси 184 kg марихуана, како и повеќе од 38 000 евра, 1,5 милиона албански леки и 4 оружја. Се очекуваат понатамошни резултати од оваа заедничка истрага.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com