HomeДЕНЕШНАРепубликаФотографија од Скопскиот маратон на насловната на Distance Running

Фотографија од Скопскиот маратон на насловната на Distance Running

Фотографија на Ванчо Џамбаски од годинaшниот Виз Ер Скопски маратон, се најде на насловната страна на најновото издание на најпрестижниот магазин за маратонско и улично трчање во светот „Дистанц ранинг“ (Distance Running). Овој магазин го издава АИМС (Association of International Marathons and Distance Races), и се дистрибуира на глобално ниво во над 500.000 примероци.

Како што информираат од Виз Ер-Скопски маратон, препознатливоста на Скопскиот маратон како име и спортски бренд е раширена не само во Македонија, туку низ многу европски земји и пошироко. Потенцираат дека ова е шанса заинтересираноста за учество на маратонските трки за идната година да биде уште поголема од претходните.

Најновиот број на магазинот Distance Running, (издание јуни – септември 2016), може да се разгледа на официјалната веб страна, а истиот може да се симне и во .pdf формат на следниот линк: http://distancerunning.co.uk/my-books/2016.e3.DistanceRunning.web.html

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com