HomeДЕНЕШНАПолитикаФотографии на гласачите на избирачкиот список

Фотографии на гласачите на избирачкиот список

На избирачкиот список за следните избори, кога и да се одржат, покрај имињата на гласачите ќе стои и фотографија идентична со фотографиите од личните карти што се во базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, информираат за САКАМДАКАЖАМ.МК од ДИК.

Министерството за внатрешни работи веќе и ја испратило на Државната изборна комисија целата база со фотографии на граѓаните од личните карти. Информатичките инженери во ДИК интензивно работат на изработка на специјална апликација со фотографии од граѓаните со право на глас, која треба да биде вградена во Избирачкиот список. Апликацијата со фотографии ќе биде достапна на денот на изборите, никако претходно.

Со овој нов концепт Избирачкиот список ќе има поинаков изглед од тој што го имаше до сега. Покрај името, презимето, матичниот број, адресата и останатите лични податоци во линијата на секој гласач, ќе биде испечатена и фотографијата што ја има на личната карта.

На денот на изборите ќе се врши проверка на фотографиите. Тоа се прави за да се спречат обидите да се гласа со туѓа лична карта. Право на глас ќе имаат само оние гласачи за кои во проверките ќе се утврди дека личната карта е нивна и чија фотографија на личната карта ќе биде идентична со таа што ќе стои на Избирачкиот список. Тој што биде фатен преку фотографијата дека гласа со друга лична карта, веднаш ќе биде пријавен пред надлежните органи.

Фотографии ќе има на главниот Избирачки список, но и на таканеречениот потсписок, кој го договорија четирите партии вчера. Станува збор за 176.000 македонски државјани чие право на глас не е спорно, но се смета дека не се во државата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com