HomeФЕР ПЛЕЈАвтомобилизамФормула 1: Следната сезона без Батон!

Формула 1: Следната сезона без Батон!

Британскиот возач Џенсон Батон денес најави дека нема да се натпреварува следната сезона во Формула 1, но дека ќе остане во Мекларен како амбасадор на тој тим. Батон ќе вози до крајот на сезоната пред да направи пауза после 17 години. Светскиот шампион од 2009 година една година ќе работи како амбасадор во Мекларен, но постои шанса во 2018 година повторно да седне на болидот бидејќи со тимот потпиша двегодишен договор.

„Ми треба одмор после 17 години“, изјави Батон за новинарите во Монца. Негова замена во Мекларен ќе биде Белгиецот Стофел Вандурно. Батон до сега победи во 15 трки, 50 пати се најде на подиумот, а осум пати освојуваше пол позиција. Најуспешна му беше 2009 година кога како возач за Брон ја освои титулата шампион. Покрај за Мекларен и Брон возеше уште и за Вилијамс, Бенетон и Хонда.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com