HomeРЕФЛЕКТОРМузика„Форбс“: Тејлор Свифт најплатена жена во шоу бизнисот

„Форбс“: Тејлор Свифт најплатена жена во шоу бизнисот

Американската поп пејачка Тејлор Свифт минатата година заработила 170 милиони долари и според тоа го зазема првото место во светот во рангирањето на “Форбс” за највисоко платените личности во шоу бизнисот.

Свифт е пред поп-пејачката Адел, која е на деветтото место со 80,5 милиони долари, Мадона е 12. со 76,5 милиони долари, Ријана на 13-тото место со 75 милиони долари и Кејти Пери на 63-тото место со 41 милион долари.

Турнејата на Тејлор Свифт, насловена како „1989 Светска турнеја“, минатата година ѝ донела повеќе од 200 милиони долари. Нејзиниот некогашен партнер, диџејот Калвин Харис се најде на 21-то место на листата на магазинот „Форбс“, со заработувачка од 63 милиони долари.

Самата Тејлор Свифт и покрај тоа што има само 26 години, веќе е носителка на 10 музички награди “Греми”, а за три од нив таа е на врвот оваа година. Неодамна таа се раздели со Калвин Харис по 15-месечна романтична врска, а неколку дена потоа објави романса со Том Хидлстон. Свифт порано имаше врска со Џејк Гиленхал и Хари Стајлс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com