HomeФЕР ПЛЕЈ„Форбс“: Кристијано Роналдо најплатен спортист во светот

„Форбс“: Кристијано Роналдо најплатен спортист во светот

Според листата на магазинот „Форбс“, ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо е најплатениот спортист на светот во моментот. Роналдо во претходните 365 дена од приходите добиени од клубот и спонозорите инкасиран 88 милиони долари, скоро седум повеќе од лутиот ривал од Барселона Лионел Меси.

Интересно е тоа што за прв пат уште од 2000 година првото место на оваа листа не му припаѓа ниту на познатиот голфер Тајгер Вудс или пак боксерот Флојд Мејведер. На третата позиција на оваа листа од најплатени спортисти во светот се наоѓа првата ѕвезда на Кливленд Кавалирс Леброн Џејмс со 77,2 милиони, потоа следи Роџер Федерер со 67,8, па Кевин Дурант од Олкахома Сити со 56,8, додека шестопласираниот Новак Ѓоковиќ има заработка од 55,8 милиони.

Првите десет ги комплетираат уште Каролина Пантерс Кем Њутон, голферот Фил Микелсон, неговиот колега Џордан Спит и живата легенда на Лос Анџелес Лејкерс Коби Брајант.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com