HomeДЕНЕШНАСветФлорида: Пукање во болница, убиен пациент и болничарка

Флорида: Пукање во болница, убиен пациент и болничарка

Непознат напаѓач отворил оган во болница во градот Титусвил во американската сојузна држава Флорида и убил две лица, соопштија локалните власти.

Како што пренесуваат американските медиуми, тој убил постар пациент и болничарка во медицинскиот центар „Пери“.

Полицијата соопшти дека за сега мотивот за убиството е непознат. Инцидентот се случил на третиот кат во медицинскиот центар. Локалните медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила напаѓачот и дека истрагата е во тек.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com