HomeГИГА БАЈТСмартфонФинците спремаат камбек со Nokia A1

Финците спремаат камбек со Nokia A1

Nokia на чекор до враќање, протече новиот А1
Nokia за својот прв смартфон по неколку години пауза одлучи да одбере многу симболично име А1 што асоцира на прв и секако на употреба на Android оперативен систем, партнерство кое многумина од финската компанија сметаат дека требало да го направат пред пропаста со Microsoft и Windows Phone.

Nokia А1 од кого протекоа првите слики ќе биде изработен во Кина, ќе работи со Nokia Z лаунчерот кој е еден од најефикасните, ќе има квалитетен сетап на компоненти за средната класа, а со тоа и доста ниска и привлечна цена.

Промоцијата на Nokia A1 ја очекуваме во текот на летото. Сликата ја откри Android Authority, а претходно кружеа рендери и концепти за смартфон со име Nokia C1 за кој нема точни информации дали ќе биде лансиран или пак станува збор за истиот уред, но со промена на името.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com