HomeДЕНЕШНАРепубликаФинансиска полиција влезе во општина Струмица

Финансиска полиција влезе во општина Струмица

Службеници на финансиската полиција веќе еден час се во зградата на Општина Струмица, пренесува Press24.

Според извори на порталот, финансиската полиција во моментов обезбедува наредба од Основното јавно обвинителство за гонење кривични дела од областа на организираниот криминал и корупција за одземање на документација поврзана со тендери за превоз на ученици во општина Струмица.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Васил Пишев ја обвини општина Струмица дека плаќала по неколку пати поскап превоз за учениците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com