HomeРЕФЛЕКТОРФилмФилипинската драма „The Woman Who Left“ го освои Златниот лав!

Филипинската драма „The Woman Who Left“ го освои Златниот лав!

Најпрестижната награда на најстариот филмски фестивал во светот отиде во рацете на филипинскиот режисер Лав Дијаз чија драма „The Woman Who Left“ беше прогласена за најдобро остварување на 73 издание по ред! Сребрениот лав и припадна на двајца режисери, односно на Амат Ескаланте за филмот „The Untamed“ и на Андреј Кончеловски за остварувањето „Paradise“. Награди за најдобри актери добија Ема Стоун и Оскар Мартинез.

Со свеченото доделување на наградите, после 11 дена посветени на филмот, се заврши 73 по ред издание на овој најстар филмски фестивал во светот. Остварувањето „Nocturnal Animals“ му донесе гран-при на Том Форд.

tom-ford-1

Двата сребрени лава за режија им беа доделени на Амат Ескаланте награден за остварувањето „The Untamed (La Region Salvaje)“ и Андреј Кончеловски за филмот „Paradise“. За исклучителна машка улога награда доби Оскар Мартинез за улогата во филмот „The Distinguished Citizen“. Меѓу дамите најдобра беше Ема Стоун.

srebrni-lavovi-za-rezija

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com