HomeДЕНЕШНАСветФидел Кастро ја најави својата смрт: Идејата мора да остане

Фидел Кастро ја најави својата смрт: Идејата мора да остане

Поранешниот кубански претседател Фидел Кастро (89) се појави на отворањето на Конгресот на Комунистичката партија на Куба, каде што неговиот брат Раул беше повторно избран со мандат од пет години, како шеф на партијата, јавија кубанските медиуми.

Таткото на кубанската револуција се појави во придружба на неговиот брат, кој го наследи како шеф на државата во 2008 година. Фидел Кастро беше пречекан со аплауз од речиси 1.000 делегати, кои присуствуваа на Конгресот на кој не беа поканети странските медиуми, објави Кубанската национална агенција (ACN). Во кус говор на крајот на собирот, Фидел рече дека наскоро ќе умре и ги повика членовите на партијата да помогнат неговите идеи да преживеат.

„Наскоро ќе се наполнам 90 години“, изјави Кастро во неговиот најдолг јавен настап во неколку години.

„Наскоро ќе завршам како и сите други. Ќе дојде часот за сите нас, но идеите на кубанските комунисти ќе останат како доказ дека на оваа планета, доколку се работи со страст и достоинство, може да се произведат материјални и културни добра кои им се потребни со луѓе, и потребно е постојано да се стремиме да се постигне тоа“.

„На моите пријатели во Латинска Америка и на светот треба да им кажеме дека кубанскиот народ ќе победи“, рече Фидел Кастро, облечен во тренирки.

Кастро претходно се појави во јавност на 7 април, за прв пат по долго отсуство од девет месеци, кога во едно училиште во Хавана зборуваше за придобивките од кубанскиот училишниот систем, а пред тоа, во јули 2015 година. Тој редовно има средби и прима лидери од пријателски земји во својот дом, а државните медиуми објавуваат фотографии од овие состаноци.

По настапот пред Конгресот во палатата во Хавана делегатите станаа и извикуваа: „Фидел, Фидел“, пренесе Кубанската национална агенција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com