HomeДЕНЕШНАСветФидел Кастро утре ќе наполни 90 години

Фидел Кастро утре ќе наполни 90 години

Кубанскиот револуционер, поранешниот генералниот секретар на Комунистичката партија во Куба и поранешен претседател и премеир на Куба Фидел Алехандро, Кастро, Круз, кој Кубанците го нарекуваат едноставно Фидел, утре ќе наполни 90 години. Од сите функции официјално се повлече во во 2008 година, откако тешко се разболе, а власта тогаш му ја препушти на својот брат Раул.

Кубанската влада не подготвува никаква специјална прослава. Нема, митинг, парада ниту пак посета на странски држави по повод роденденот на Кастро. По тој повод, имено, утре во Куба ќе се одржи мала музичка свеченост и изложба на фотографии во чест на Фидел Кастро.

Fidel Kastro 2

Најголемиот настап предвиден за утре е настап на детски хор. Владата не соопшти дали токму на тој ден ќе објави фотографии или видео-снимка од денот кога Кастро последен пат се појави во јавноста во април оваа година, на завршницата на конгресот на Кубанската комунистичка партија.

„Наскоро ќе бидам како и сите други. На сите еднаш ни доаѓа тој час, но сигурен сум дека идеите на кубанските комунисти ќе живеат и понатаму“, истакна Кастро во завршницата на тој конгрес со што практично ја прогласи својата смрт. Конгресот тогаш, по предлог на неговиот брат, одлучи дека работниот век на еден политичар, не може да биде подогол од 70 години старост, за да се оствари простор за помладите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com