HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаФиба доби забрана за суспензија на клубови и репрезентации

Фиба доби забрана за суспензија на клубови и репрезентации

Денеска во Минхен беше донесена пресуда со која на Светската кошаркарска федерација ФИБА и се забранува изрекување на суспензии на клубови и репрезентации кои бараат да настапуваат во Евролигата на УЛЕБ, а кои претходно обезбедиле пласман за настап.

Откако челниците на ФИБА се обидоа со изрекување на суспензии најнапред на клубови, а потоа и репрезентации, да ги натераат клубовите да откажат од учество во Евролигата и да станат дел од новоформираната Лига на шампиони, следеше тужба од челниците на елитното европско натпреварување.

Во одлуката на судот во Минхен е потенцирано дека за кршење на оваа одлука казната ќе изнесува 250.000 евра или затворска казна од шест месеци, со која би можеле да се соочат генералниот директор на ФИБА Европа или генералниот секретар на ФИБА.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com