HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиФејсбук, Твитер и Јутуб на суд бидејќи не можат да справат со говорот на омраза

Фејсбук, Твитер и Јутуб на суд бидејќи не можат да справат со говорот на омраза

Фејсбук, Твитер и Јутуб ќе завршат на суд. Три француски антирасистички здруженија најавија дека ќе поднесат жалби до судот против социјалната мрежа Facebook, микроблог услугата Twitter и видео услугата на Google – YouTube, бидејќи не успеаја во отстранувањето на говорот на омразата во содржината, објавена во нивните платформи, пренесува Ројтерс.

Сојузот на француските студенти Евреи (UEJF) и организациите „SOS Racisme“ и „SOS Homophobie“, тврдат дека трите компании отстраниле само дел од вкупно 586 примери за слична содржина. Бројката е поднесена по двомесечно пребројување, а Twitter симнал само 4% од резултатите, YouTube – 7%, а Facebook – 34%.

„Со оглед на тоа колку заработуваат YouTube, Twitter и Facebook и колку малку даноци плаќаат, нивното одбивање да инвестираат во борбата против говорот на омраза е неприфатлив, изјави претседателот на UEJF“, Саша Реингенвирц.

Германија во декември ги натера Facebook, Google и Twitter да ги избришат публикациите, квалификувани како говор на омраза, од нивните веб-сајтовие во рок од 24-часа.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com