HomeРЕФЛЕКТОРМузикаФерги го има хитот за ова лето?!

Ферги го има хитот за ова лето?!

Неколку часа после објавувањето, интернетот е преплавен со коментари околу спотот за песната „M.I.L.F. $“. Првата нумера од вториот самостоен албум на Ферги, покрај провокативниот назив, сега има и видео-презентација, која привлекува големо внимание. Паузата е готова. Ферги ја претстави новата песна и ја најави како „најжешка до сега“.

Речиси истовремено со аудио верзијата пристигна и спотот за „M.I.L.F. $“ во кој можат да се видат Криси Тиган, Сиара, Алесандра Амброзио, Наташа Поли и Ким Кардашијан. 41-Годишната пејачка се врати на музичката сцена во стилот на гламурозна мајка. Вториот соло албум „Double Dutches“ е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде објавен.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com