HomeДЕНЕШНАСкопјеФекалиите од среде центар извадени, последиците од градењето без стандарди остануваат

Фекалиите од среде центар извадени, последиците од градењето без стандарди остануваат

Проблемите со пукнатата цевка која направи хаос во Скопје продолжуваат. Со санирање на проблемот веќе три дена се мачат работниците на ЈП Водовод и канализација, а полицијата веќе трет ден ја блокира улицата за сообраќај поради машините.

Денеска на улицата беа донесени новите цевки со кои треба да биде заменета главната цевка на скинатата канализациона мрежа. Вчера општина Центар издаде забрана за градење која официјално стапува на сила денес, но на терен инвеститорот „Волис Пропертис“ не ја испочитува.

Работниците на водовод и канализација велат дека проблемот настанал поради тоа што инвеститорот без да се консултира со институциите копајќи на своја рака вчера вечер ја скинал цевката од главната фекална канализација поради што ископот за новиот објект се полни со фекалии. Околу објектот што се гради нема поставено табла за инвеститорот и изведувачот што е законска обврска, а неколку телевизиски екипи беа избркани со изговор дека е забрането снимање, бидејќи се работело за приватен имот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com