HomeФЕР ПЛЕЈТенисФедерер се повлече од Ролан Гарос

Федерер се повлече од Ролан Гарос

Третопласираниот тенисер во светот Роџер Федерер поради повреда на коленото го откажал настапот на претстоечкиот Грен слем Ролан Гарос, пренесуваат швајцарските медиуми. Магазинот од Базел, градот во кој е роден Швајцарецот, пишува дека Федерер се уште не се опоравил комплетно после операцијата во февруари, поради што ќе биде принуден да го пропушти Отвореното првенство во Франција.

Федерер после Австралијан Опен и операцијата, учествуваше само на турнирите во Монте Карло и во Рим, но но успеа потполно да се опорави од оваа повреда на коленото. Единствената титула во Ролан Гарос Роџер Федерер ја освои во 2009 годината, од вкупно 17 Грен слема кои ги има освоено во текот на својата богата тениска кариера.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com