HomeДЕНЕШНАСветФБИ се плаши од руски хакери

ФБИ се плаши од руски хакери

Федералното истражно биро (ФБИ) побара од избирачките органи во САД да ги зајакнат мерките за компјутерска безбедност, откако минатата недела беа откриени детали за сајбер напади врз бази со податоци од избирачки списоци во двете сојузни држави Аризона и Илиноис, се наведува во доверлив документ.

Предупредувањето на одделот за сајбер безбедност при ФБИ било објавено на 18 август, објавија западни медиуми, цитирајќи го документот.

Според претставници на разузнавачките служби, во сајбер нападите веројатно се вмешани странски хакери. Американските разузнавачки служби со голема загриженост ги следат дејствувањата на хакери, кои се платени од Русија или други држави и кои можат да се обидат да ги саботираат претседателските избори во САД во ноември.

Експерти по сајбер безбедност во САД тврадт дека неодамнешните хакерски напади врз Демократската партија веројатно се дело на луѓе блиски до руската Влада. Кремљ категорично ги отфрли обвинувањата за вмешаност на Москва.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com