HomeДЕНЕШНАПолитика„Фатиме фати ги сите“ – порачуваат демонстрантите пред СЈО

„Фатиме фати ги сите“ – порачуваат демонстрантите пред СЈО

„Секој ден во 6“ е мотото кое се исполнува веќе четврти ден по ред и граѓаните повторно одговорија на повикот на движењето „Протестирам“ започнувајќи го денешниот протест пред канцелариите на СЈО. Демонстрантите во еден глас извикуваат „Фатиме фати ги сите“; „Затвор за криминалците“; „Нема да ве амнестираме“.
Меѓу присутните пристигна и Зоран Заев кој им изрази поддршка на граѓаните за протестот против аболицијата која ја воведе претседателот Ѓорги Иванов и закажаните избори на 5-ти јуни за кои тврдат дека нема услови да се одржат во регуларна атмосфера.

Автор: Христијан Станоевиќ

Репортер: Александар Драгановски

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com