HomeДЕНЕШНАПолитикаФатиме активираше „ТНТ“ – Нова истрага за рушењето на Космос

Фатиме активираше „ТНТ“ – Нова истрага за рушењето на Космос


СЈО го отвори предметот „ТНТ“ односно, рушењето на станбено-деловниот објект Космос на Фиат Цановски како резултат на политички реваншизам од страна на екс премиерот и екс министерот за транспорт и врски. Бидејќи овие лица се опфатени со аболицијата на Иванов не се дел од истрагата, но затоа пак СЈО има повеќе осомничени од општина Гази Баба, инспекциските служби и градежни фирми кои без тендер и јавен оглас биле ангажирани за рушењето на „Космос“.

Според СЈО посочените аболицирани функционери влијаеле врз градоначалникот на Гази Баба да стори злоупотреба на службената должност и да најде незаконски начин да го сруши објектот Космос. Да потсетиме градоначалникот Трајковски исто така е аболиран, но постапката се води против други лица. Прво-осомничена е овластен градежн инспектор од одделението за градежна инспекција во општината која свесно за сите можни последици ја прифатила задачата за незаконските дејства.


Таа постапила спротивно на правилникот за стандарди и нормативи за урабнистичко планирање и законот за градење, а направила мерење на максималната височина и без да биде изграден заштитен тротоар на пристапната улица каде се вршеле мерењето со што се добива незаконски заклучок за наводно надминување на заверениот основен објект и одобрението.

Не било прифатено ниту вештачењето на Архитетонскиот факултет. За рушњето на Космос со експлозив не е спроведена законска јавна набавка и ангажирана е директно компанијата „Трансмет“ при што е нанесена материјална штета на општина Гази Баба.

Фатиме Фетаи пред изнесување на сите детали за „ТНТ“ посочи и дека нејзините колеги се соочуваат со тешки закани и притисоци.

„Пораката е до сите оние кои нечесно ја подриваат работата на СЈО и на различни начини им се закануваат на обивнителите, кон нивните семејства и пријатели. Им порачуваме правдата ќе го стигне секој оној се огрешил пред законот, тоа е наша цврста верба и определба“, изјави на почетокот на пресот обвинителката Фетаи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com