HomeДЕНЕШНАРепубликаФатени албански државјани со фалсификувани пасоши

Фатени албански државјани со фалсификувани пасоши

 

Двајца албански државјани завчера се приведени под сомнение дека со фалсификувани пасоши се обиделе да поминат на граничниот премина Табановце.

Лицата се на возраст од 22 и 28 години кои во 22 и 45 минути се обиделе да ја преминат границата и да влезат на територијата на Македонија.  При извршена пасошка контрола било утврдено дека албанските патни исправи кои двете лица ги дале за проверка се фалсификувани. Двајцата албански државјани се приведени и предадени на СВР Куманово.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com