HomeГИГА БАЈТСмартфонФановите ќе мора да се стрпат за Tekken X Street Fighter

Фановите ќе мора да се стрпат за Tekken X Street Fighter

Фановите на боречките игри со нетрпение ја очекуваат Tekken X Street Fighter која треба да ги спои двете франшизи со омилените ликови, но очигледно Namco има други приоритети и ова продолжение е одложено на неодредено време.

katsuhiro hamada

Според продуцентот Кацухиро Харада сега во фокусот е ставена Street Fighter V која привлече огромен број на гејмери, а во текот на есента ќе биде лансирана и Tekken 7, па токму затоа заеднички наслов ќе биде вишок на пазарот и нема точна претстава кога Tekken X Street Fighter ќе биде готова.

Насловот Street Fighter X Tekken претходно го развиваше конкурентот Campcom и доби одлични критики пред се од „олд скул“ фановите бидејќи ги задржи сите препознатливи контроли и динамики. Затоа убаво ќе биде да се види и спротивната перцепција понудена од Namco.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com