HomeФЕР ПЛЕЈФудбалФабрегас заминува од Челси, дали ова е неговата следна дестинација?!

Фабрегас заминува од Челси, дали ова е неговата следна дестинација?!

Англиските медиуми пренесуваат дека Конте го известил Фабрегас дека ќе биде во втор план и дека би можел слободно да си побара нова средина, но дека нема намера да го пушти во друг премиерлигашки клуб. Италија се наметнува како следна дестинација, а Шпанецот секако ќе инсистира на заминување со цел да игра стандардно.

Се појави Милан, кинеските сопственици сакаат големо засилување, но поради финансиски фер плеј не можат да купуваат следното зимо, односно да вложуваат огромна сума на пари. Според тоа се претпоставува дека ќе се обидат да го доведат на позајмица со право на откуп. Во игра е Јувентус, тие чекаат Маркизио да се врати од повреда за да видат во каква состојба е „Малиот принц“. Ако проценат дека му е потебно повеќе време ќе се обидат да го ангажираат Фабрегас.

Меѓутоа, тешко е да се верува дека Јуве, кој практично го има завршено трансферот на Витсел за следното лето и со тоа имаат голем број на играчи во везниот ред, па ако не продадат некој, Асамоа или младиот Лемина, тешко е да се верува дека би испратиле понуда за поранешниот капитен на Арсенал. Вредноста на Фабрегас на пазарот е околу 30 милиони евра.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com