HomeДЕНЕШНАРепубликаУтре стартува полагањето на државна матура во августовскиот испитен рок, пријавени 1802 матуранти

Утре стартува полагањето на државна матура во августовскиот испитен рок, пријавени 1802 матуранти

Од утре (15-ти август) до четврток (18-ти август), 1802 ученици кои не ја положиле државната матура во јунскиот рок ќе ја полагаат во наредните четири дена.

Утре ќе се полага мајчин јазик. Македонски јазик и литература ќе полагаат 128 кандидати, албански јазик и литература 266, а 21 ученик е пријавен за турски јазик и литература. Во вторник, 88 ученици ќе полагаат математика, а в среда ќе се полага англиски јазик (1,294 кандидати), француски и германски (4 кандидати) и еден кандидат за руски јазик. Последниот ден ќе се полагаат незадолжителните предмети физика, хемија, биологија, бизнис, историја, филозофија и естетика.

Од Државниот испитен центар соопштија дека сите полагања ќе се реализираат на 11 различни локации во државата и истите стартуваат во 10 часот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com