HomeСТУДЕНТУМУтре ректоратот ќе расправа на вонредна седница, студентите на собир во УКИМ

Утре ректоратот ќе расправа на вонредна седница, студентите на собир во УКИМ

Студентите најавија собир пред ректоратот на универзитетот „Кирил и Методиј“ утре изутрина, за кога е закажана вонредна седница на ректорската управа. Вонредната седница доаѓа по прозивките од страна на студентите дека Универзитетот, мора да ги осуди нелегалните избори за студентски претседател.

Во соопштението испратено од ректорот во заминување Велимир Стојковски се наведува дека в понеденик во 8 часот е закажана вонредна седница на ректорската управа, а од студентскиот парламент се бара итно детално објаснување за сите околности и случувања поврзани со студентските избори. Студентите велат дека очекуваат сите професори, членови на универзитетскиот сенат едногласно да ги осудат изборите и да побараат одговорност од студентскиот парламент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com